Руската одбрана собори три беспилотни летала во западните региони Москва, Калуга и Твер, соопштија утринава официјални лица, наведувајќи дека нема жртви.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека рано утрово уништило украинско беспилотно летало над Крим. Веста доаѓа откако преходно беше соопштено дека уништени се три беспилотни летала насочени кон московскиот регион рано утрово.
-Противвоздушната одбрана ги уништи беспилотните летала кои се обидуваа да ја нападнат Москва, изјави на Телеграм градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Тој додаде дека руската одбрана во Завидово во северозападната област Твер го уништила третиот авион што се движел кон главниот град.
Украина ги засили нападите со беспилотни летала на руска територија, насочени кон московскиот регион и анектираниот полуостров Крим, како дел од контраофанзивата што започна на почетокот на јуни.