Русија се заканува со остар одговор доколку некој ги нападне нејзините сириски бази

by Fokus

Висок руски политичар се закани со остар одговор во случај на напад врз руски бази во Сирија, објави новинската агенција Интерфакс. Според истиот извор, безбедноста на базата е целосно обезбедена.

Москва, која е верен сојузник на режимот на Асад, ја одржува стратешки важната воздухопловна база Хмејмим во провинцијата Латакија и поморскиот објект во Тартус.

Руските медиуми јавуваат дека Кремљ постигнал договор со лидерите на сириските бунтовници за гарантирање на безбедноста на своите бази.

Во исто време, руски воен блогер близок до Министерството за одбрана, познат како Рибар, напиша: „Руското воено присуство во регионот на Блискиот Исток виси на конец. Одлуките донесени во канцелариите се апсолутно ирелевантни на теренот“.

Раибар изјави и дека руските воени бродови го напуштиле Тартус и зазеле позиции на отворено море од безбедносни причини. Според него, воздухопловната база Хмејмим практично била отсечена откако бунтовниците ја презеле контролата врз блискиот град.

Неговите тврдења, објавени на профил со повеќе од 1,3 милиони следбеници на Telegram, не се независно потврдени, пренесува Sky News.

Поврзани новости