574
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека се согласило на украинскиот тим за поправки да му дозволи пристап до далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил, објави новинската агенција Интерфакс, пренесува Хина. Информацијата е објавена без дополнителни детали.
Агенцијата на ОН за атомска енергија претходно соопшти дека поради инвазијата на Русија врз Украина ја влошила нејзината комуникација со нуклеарната централа Чернобил и централата Запорожје и дека ситуацијата е загрижувачка.