Најмалку три лица загинаа, а седуммина се повредени во украинскиот напад на складиште за нафта во градот Ровенка во областа Луганск, изјави министерката за здравство на тој регион Наталија Пашченко.
– Од гранатирањето, пожар го зафати скалдиштето за нафта, а оштетени се и куќи во околината, соопштија локалните власти.
На терен се испратени пожарникари кои се обидуваат да спречат пожарот да се прошири на станбените згради. Уште ссум лица се повредени во украински напад на Белгород.
Руските сили за воздушна одбрана собориле неколку цели на приодот кон Белгород, а според првичните информации, осум цивили се повредени, изјави началникот на областа Вјачеслав Гладков.
Во меѓувреме продолжуваат интензивните борби по линијата на фронот, особено во Харковскиот регион.
Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили се обидуваат да извршат офанзивни акции и да напредуваат подлабоко на територијата на Украина, кај Харков.
– Во тек се борби и за населени места во граничната зона, кои всушност беа во сивата зона – Стрелечја, Пиљноје и Борисовка, како и во областите Олејниково и Огирчево, се вели во соопштението.
Се додава дека украинските одбранбени сили дејствуваат на подготвени одбранбени линии. Поради руските напади, евакуирани се жителите на украинскиот пограничен град Вовчанск во блиина на Харков.
Главниот офицер на украинските трупи во Вовчанск, Олексеј Харковски, соопшти дека руските сили за 24 часа истрелале неколку стотици артилериски гранати и десетици касетни бомби.
Харковски истакна дека руските војници се уште не влегле во Вовчанск.
Фото:Архива