Русија регрутира уште 150 илјади војници

by fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за повик за пролетно служење воен рок од април до јули 2024 година, а во регрутирањето се вклучени 150.000 лица.

– Од 1 април до 15 јули 2024 година да се изврши регрутација во воена служба на државјани на Руската Федерација на возраст меѓу 18 и 30 години кои не се во резервен состав и подлежат на регрутација во воена служба во согласност со федералниот закон … 150.000 луѓе се повикани на служење воен рок, се вели во декретот.

Со истиот указ, од воена служба се отпуштени војници, морнари, наредници и старешини на кои им истекол рокот на воената служба.

Поврзани новости