Русија разменила 200 украински бранители за да го добие Медведчук

by fokus

Украина успеа да врати 215 украински војници, меѓу кои и повеќе од 100 бранители на Азовстал, од кои пет команданти на Азовскиот полк, прогласен за терористичка организација во Русија.

Размената беше изненадување на денот кога рускиот претседател Владимир Путин остро го ескалираше конфликтот со најава на делумна воена мобилизација – прва по Втората светска војна – и тенко прикриени закани дека е подготвен да користи нуклеарно оружје.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, Русија за 200-те затвореници го добила како размена кумот на една од ќерките на Владимир Путин и најпознатиот проруски политичар во Украина, Виктор Медведчук, кој бил фатен додека се обидувал да избега и обвинет за предавство. Петте офицери на бранителите на Мариупол беа разменети за 55 руски воени заробеници.

Најголемата размена на затвореници од почетокот на целосната руска инвазија беше објавена ноќта од страна на украинските власти.Русија официјално не го коментираше тоа што се случи. Руските новинари јавуваат дека се ослободени 87 затвореници.

 

 

Поврзани новости