Русија распиша потерница по министерот за внатрешни работи на Естонија

by Fokus

Министерот за внатрешни работи на Естонија, Лаури Ланеметс е ставен на листата на барани лица, е наведено денеска во базата на податоци на Министерството за внатрешни работи на Русија.

Министерството за внатрешни работи на Русија наведува дека Ланеметс се бара по член од Кривичниот законик, пренесува РИА Новости, но не е прецизирано за кој конкретен кривичен член станува збор.

На 13 февруари, руските власти издадоа потерница по естонската премиерка Каја Калас, поради нејзините активности во отстранувањето на спомениците од советската ера.

Таа е првиот лидер на земја по која руските власти распишаа потерница. На листата се државниот секретар на Естонија Таимар Петеркоп и министерот за култура на Литванија Симонас Каирис, како и многу други функционери и пратеници од Латвија, Литванија и Полска.

Поврзани новости