Министерството за внатрешни работи на Русија го стави американскиот сенатор Линдзи Греам на листата на барани лица, разпиша потерница по него, објавија денеска руските медиуми.
Во монтирано видео наводно објавено од кабинетот на украинскиот претседател во петокот, 26 мај, од средбата на Греам со Володимир Зеленски, сенаторот е прикажан како вели „Русите умираат“, а потоа вели дека поддршката на САД е „најдобрите пари што некогаш сте ги потрошиле. ”
Украина објави целосна видео снимка од средбата која покажува дека двете забелешки не се поврзани.
Рускиот истражен комитет објави вчера дека отвора кривична истрага за коментарите на Греам. Не е прецизирано за кое кривично дело тој е осомничен.
Вчера Греам ги оспори руските критики за неговата поддршка за Украина, велејќи дека тој едноставно го фали духот на Украинците во отпорот на руската инвазија со помош на Вашингтон.
Републиканецот од Јужна Каролина е познат по своите ставови за надворешната политика, како отворен поддржувач на зголемената воена поддршка за Украина во нејзината борба против Русија.
Русија претходно додаде десетици американски функционери и избрани политичари на црните листи, забранувајќи им влез во земјата, но ретко бараше апсење на високи американски функционери, пренесува РСЕ.