На 14 мај дипломатското претставништво на Северна Македонија презеде непријателски чин во односите со Русија. Власта еден од руските дипломати го прогласи за „персона нон грата“. Силно го осудуваме овој акт преземен без причина што ќе се одрази на меѓусебните односи меѓу Русија и Северна Македонија. Следат соодветни мерки, се вели во реакцијата на руското Министерство за надворешни работи.
На 18 мај македонското Министерство за надворешни работи соопшти дека „согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија. Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“, пишува во соопштението од МНР.
За овој потег на македонското МНР изјава даде и претседателот Стево Пендаровски кој рече дека случајот е документиран од надлежните институции и дека не станува збор за импровизација.