542
Русија протера дипломати од 23 земји кои протераа нејзини дипломати, меѓу кои е и Македонија.
Руското Министерство за надворешни работи денеска објави дека ги известило амбасадорите на 23 земји дека ист број на нивни дипломати се прогласени за персона нон грата.
Земјите кои денеска беа информирани за протерување на свои дипломати се: Австралија, Албанија, Германија, Данска, Ирска, Шпанија, Италија, Канада, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска, Романија, Украина, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Шведска и Естонија.