Русија призна за „значителни загуби“ во Украина

by Fokus

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија претрпела „значителни загуби“ во конфликтот во Украина.

„Имаме значителни воени загуби“, изјави Песков за Скај њуз „и тоа е голема трагедија за нас“.

Руското Министерство за одбрана на 25 март објави дека 1.351 руски војник биле убиени, а 3.825 биле ранети од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави два дена подоцна дека најверојатно се убиени најмалку 10.000 руски војници.

Поврзани новости