505
Русија првпат потврди дека и млади воени регрути се вклучени во инвазијата на Украина и дека некои биле заробени од украинските сили, иако претходно Владимир Путин тврдеше дека се вклучени само професионални војници.
Од руското министерство за одбрана кажаа дека откриле регрути во Украина и дека тие веќе биле вратени дома.
„За жал, откриено е присуство на регрути во единиците на руските вооружени сили кои се вклучени во специјалната воена операција на територијата на Украина. Речиси сите се повлечени во Русија. Сепак, група саботери нападна една од единиците за логистичка поддршка, при што се заробени повеќе војници, меѓу кои и регрути“, изјави портпаролот на министерството Игор Конашенков.