Русија ги предупредува Соединетите Американски Држави дека доколку почнат воздушни напади поради наводниот хемиски напад во Сирија може да предизвикаат војна помеѓу двете земји, пренесува Би-Би-Си.
„Итен приоритет е да се спречи опасноста од војна“, рече во четвртокот московскиот амбасадор во ОН, Василиј Небензиа.
Тој го обвини Вашингтон дека го нарушува интернационалниот мир и рече дека ситуацијата е многу опасна.
Западните сили се подготвуваат за напади, но Русија како сириски сојузник, се спротивставува на таквата акција.
„Не смееме да исклучиме какви било можности, за жал“, изјави Небензиа за новинарите по приватен состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Тој рече дека постои зголемена опасност од ескалација поради руското воено присуство во Сирија. Високи руски функционери, вклучувајќи го и началникот на армијата, предупредија дека американските ракети ќе бидат соборени и нивните локации за лансирање ќе бидат пренасочени доколку рускиот персонал биде под закана.
Г-дин Небензиа, исто така, побара од Советот за безбедност на ОН да се состане повторно во петок на разговори околу можноста за западна воена акција.
Белата куќа вели дека продолжува да проценува разузнавачки информации и да разговара со своите сојузници за тоа како да одговорат.
Во меѓувреме, Организацијата за забрана на хемиско оружје вели дека експертите патуваат во Сирија и дека ќе започнат истраги во сабота.
Фото: „Гети“