Русија предупреди на поморски мини кои украинската воена морнарица ги поставила во целото Црно Море, по почетокот на руската офанзива во Украина, а кои би можеле да отпловат неконтролирано до Босфор или дури до Средоземното Море.
-По почетокот на руската специјална воена операција на 24-ти февруари, украинските поморски сили поставиле минска бариера во близина на пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни, објави руската агенција за внатрешна безбедност Федералната служба за безбедност (ФСБ) во соопштениени.
Се додава дека станува збор за околу 420 „застраени мини произведени во првата половина од XX век“. Од ФСБ, исто така, предупредува дека бурите влијаеле врз кинењето на каблите кои ги поврзуваат мините со котвите.
-И на тој начин, под влијание на ветрот и струите, мините слободно плутаат во западниот дел од Црното Море, се наведува во предупредувањето во кои се потсетува на новната „незадоволителна техничка состојба“.
Имајќи предвид дека во оваа област преовладуваат површинските морски струи кои се движат во јужна насока, „не е ислкучено плутање и придвижување на мините кон Босфорот, а потоа и кон морињата во Средоземноморскиот басен“, се истакнува во соопштението на ФСБ.
Претходно во петокот руската Црноморска флота, чиешто историско седиште е во кримски Севастопол, издаде предпредување за тие мини за сите бродови кои пловат во Црното Море.
Службата за односи со јавноста на ФСБ притоа истакнува дека „Вооружените сили на Украина уште еднаш демонстрираат целосно непочитување на основите на меѓународното право и непочитување на човечките животи, вклучитечлно и на државјаните на Европската унија“.
Истовремено се потсетува дека согласно Конвецијата за поставување подводни авто-експлозивни мини е забрането поставување на вкотвени такви експлозивни направи кои не се безбени и автоматски експлодираат при контакт кога ќе се ослободат од каблите.