Русија повторно се „закачи“ со САД

by Fokus

САД испраќа во Украина ново оружје вклучително и ракетни системи ХИМАРС, бидејќи сакаат да го продолжат конфликтот со сите средства, како и да ги компензираат загубите на Киев, се наведува во соопштението од Амбасадата на Руската Федерација во Вашингтон.

– Зад оваа одлука стои нескротливата желба на Вашингтон да го продолжи конфликтот по секоја цена и да ги компензира растечките загуби на националните баталјони и на украинските вооружени сили, се наведува во соопштението.

Руската амбасада посочи и дека „тезата на високи американски претставници дека Украина оружјето го користи за одбранбени цели е неодржлива“.

– Властите во Киев и националистичките формации користат оружје од САД за уништување градови во Донбас … Целта на Руската Федерација е да стави крај на теророт на режимот во Киев. Со своите постапки Вашингтон не го приближува мирот, туку ги турка украинските власти во нови крвави злосторства, се посочува во соопштението.

Поврзани новости