Русија поднесе обвинение против 92 украински војници за злосторства против човештвото

by Fokus

Руското обвинителство покрена обвинение против 92 члена на украинската војска поради злосторства против човештвото, информираа од Рускиот комитет за истраги.

Според информациите, досега се започнати 1300 кривични истраги, а предложено било за овие дела да се направи меѓународен трибунал поддржан од повеќе држави, меѓу кои и Иран, Сирија и Боливија, кои се традиционални сојузници на Русија.

Поврзани новости