Владимир Путин се подготвува за нова голема офанзива во Украина по Нова година и покрај серијата понижувачки несупеси на бојното поле за Русија во последните месеци, велат високи украински функционери.
Министерот за одбрана на Украина, Олексиј Резников, во интервју за Гардијан вели дека иако Украина во моментов може успешно да се одбрани од руските ракетни напади насочени кон клучната инфраструктура, вклучително и енергетската мрежа, се појавуваат докази дека Кремљ подготвува голема нова офанзива.
Како што наведува весникот, овие информации се дел пошироките координирани напори да се предупреди околу самоувереноста меѓу западните сојузници што владее во моментот и да се нагласи континуираната закана што Русија ја претставува за Украина.
Осврнувајќи се на делумната мобилизација на Русија од околу 300 000 војници, Резников посочува дека додека половината од нив, често по добивање на минимална обука, се користат за зајакнување на силите на Москва по серијата неуспеси на бојното поле, останатите се подготвуваат потемелно за идни офанзиви.
-Вториот дел од мобилизацијата, околу 150 000 луѓе, ги започнаа своите курсеви за обука во различни кампови. Работат најмалку три месеци за да се подготват. Тоа значи дека се обидуваат да го започнат следниот бран на офанзива веројатно во февруари, како и минатата година. Тоа е нивниот план – вели Резников.