Русија планира да ја прошири листата на забранети производи од „непријателските“ земји

by Fokus

Русија размислува да не купува ништо од „непријателските“ земји и би можела да ја прошири листата на забранети производи, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Тој предложи да се прошири листата на забранети производи од непријателските земји

– Не смееме да ги доставуваме нашите производи, вклучително и земјоделските производи, на нашите непријатели. И не смееме да купуваме ниту еден од нив (иако не сме купувале од нив од 2014 година, но списокот на забранети производи може да се прошири), напиша Медведев на Телеграм

Поврзани новости