463
Пет лица загинаа во пожар што утрово избувна во една болница во Санкт Петербург. Пожарот бил предизвикан од краток спој во еден од респираторите на одделот за интензивна нега, објавија руските државни медиуми.
Тој бил ставен под контрола, а 150 луѓе биле евакуирани од болницата. Не е познато колку повредени има.
Болницата каде избувна пожарот е една од установите опремени за прием на заболени од Ковид-19 во Русија