110
Русија денеска осуди тинејџер на 12 годишна затворска казна поради наводно донирање пари на силите на Киев, јавија руските медиуми.
Во јужниот град Ростов на Дон, судот осуди 19-годишник на 12 години затвор поради „предавство“.
Безбедносната служба ФСБ соопшти дека тинејџерот праќал пари за да и помогне на армијата на Киев да купи беспилотни летала и храна за војниците.
Се наведува дека обвинетиот бил уапсен на аеродром додека се обидувал да ја напушти Русија.
„Регионалниот суд во Ростов го прогласи човекот за виновен и го осуди на казна во форма на 12 години во строга казнена колонија“, ја цитира РИА Новости изјавата на ФСБ.