Објектот за складирање нуклеарен отпад во Курск, западна Русија, е оштетен во напад на украинско беспилотно летало, соопшти синоќа руското Министерство за надворешни работи, повикувајќи ја меѓународната заедница да го осуди наводниот терористички чин.
Во соопштението се наведува дека нападот се случил во четвртокот и дека Украина сигурно знаела дека таквите дејствија може да предизвикаат нуклеарна катастрофа што може да погоди многу земји. Се наведува дека во нападот уште два дрона ја оштетиле административната зграда на нуклеарната централа, пренесе Ројтерс.
„Ги повикуваме сите влади најостро да ги осудат варварските дејствија на Киев, кои се крајно опасни и можат да доведат до непоправливи последици“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, и изјави дека западните компоненти се користени во производството на тие дронови.
#Russia accused #Ukraine of damaging a nuclear waste storage facility in a drone strike on the Kursk nuclear power plant while fighting raged on for the control of the key eastern city of Avdiivika, where Russians apparently suffered heavy losses.https://t.co/rui12bgaJz
— The Hindu (@the_hindu) October 29, 2023
Москва во петокот објави дека спречила напад со украинско беспилотно летало во четвртокот, а некои медиуми објавија дека експлозијата го оштетила ѕидот на складиштето за нуклеарен отпад.
Нуклеарната централа Курск, која се наоѓа во регион што граничи со Украина, соопшти дека нема жртви и дека нивото на радијација и работата на централата се нормални.