Русија: Одбиени се сите обиди за пробив на украинската војска

by Fokus

Министерството за одбрана на Русија денес соопшти дека украинските војници направиле „масовни обиди“ да ја пробијат одбраната на руските сили во градот Бахмут (Aртиомовск на руски) во последните 24 часа, но дека сите напади биле одбиени, пренесуваат руските агенции.

„Сите напади на единиците на вооружените сили на Украина беа одбиени. Немаше пробив во одбраната на руските војници“,  изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Во друго соопштение на Министерството за одбрана, се наведува дека биле извршени удари од долг дострел врз украинскиот град Тернопил и дека цел биле „единици на украинските вооружени сили и складишта за муниција“.

Поврзани новости