448
Руските власти објавија дека одбиле напад со украински беспилотни летала, насочени кон нафтена рафинерија во областа Брјанск, на границата со Украина.
„Руските системи за противвоздушна одбрана во областа Новозибков го одбија нападот на украинските сили врз нафтената рафинерија ‘Дружба’ претходната вечер“, напиша на Телеграм гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз.
Според него, благодарение на професионалноста на руските војници „уништени се три беспилотни летала“.
Нападите со беспилотни летала на руска територија и на полуостровот Крим, анектиран во 2014 година, се интензивираа во последните недели, бидејќи Киев најави контраофанзива.