Русија ноќеска извршила 19 напади со беспилотни летала врз Украина

by Fokus

Во текот на ноќта Русија изврши 19 напади со беспилотни летала врз Украина и шест ракетни напади, а украинските системи за противвоздушна одбрана уништија 13 беспилотни летала и еден проектил, соопшти денеска украинското воздухопловство.

Некои од беспилотните летала кои не беа уништени не стигнаа до целите, соопштија воздухопловните сили на Telegram, без да наведат дополнителни детали.

Се додава дека 13-те уништени беспилотни летала биле соборени главно во региони во близина на линијата на фронтот, пренесува Фена, повикувајќи се на Ројтерс.

Воздухопловните сили, исто така, објавија дека уништиле ракета со наведување воздух-земја Kh-59 во регионот Полтава.

Во соопштението се наведува дека Русија лансирала уште пет проектили, но не се наведува дали проектилите кои не биле уништени, стигнале до своите цели.

Украина во вторникот објави дека руските сили извршиле десетици напади на истокот и на југот на земјата, еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека ситуацијата за неговите сили е „исклучително тешка“ бидејќи немале доволно муниција и Соединетите држави ја задржаа помошта по речиси две години војна, известува Хina.

Поврзани новости