Русија не верува дека е можно да ја достави својата вакцина Спутник V во Европската унија пред мај или јуни, изјави денеска шефот на фондацијата задолжена за дистрибуција на вакцината.
Кириљ Дмитриев, шеф на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), за државната телевизија Росија 24 изјави дека „големи испораки во ЕУ се можни само по завршувањето на масовната вакцинација во Русија“.
РДИФ е одговорен за меѓународна продажба на Спутник V, која е веќе одобрена во голем број земји.
Вакцината се дава во две дози и сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА) за употреба во Европската унија.
Доколку биде одобрена, Спутник V ќе и помогне на ЕУ да се справи со недостиг на вакцини, спротивно на договорот со западните производители кои претходно се обврзаа да доставуваат поголеми количини.
Москва и ЕМА последните денови јавно спорат дали РДИФ воопшто поднела барање за одобрување на вакцината, јави агенцијата ДПА.