Русија нема да биде прва што ќе употреби нуклеарно оружје

by Fokus

Додека рускиот претседател Владимир Путин вели дека ризикот од нуклеарна војна расте, но дека Москва нема да нападне прва, Вашингтон вели дека тие „не ја охрабриле“ Украина да ги нападне воените аеродроми во Русија.

„Би било погрешно да се сокрие дека заканата од нуклеарна војна не постои“, предупреди Путин и додаде дека Русија „под никакви околности“ нема да биде прва што ќе употреби оружје и нема никому да се заканува со сопствениот нуклеарен арсенал.

„Не полудевме, свесни сме што е нуклеарно оружје и нема да трчаме низ светот мавтајќи со овие оружја како жилети“, додаде Путин.

Во последните денови руските сили повторно ја гаѓаа украинската електрична мрежа, а погодени беа и градовите Криви Рих и Краматорск во Доњецката област, а засега нема жртви.

Олександр Ткаченко, министер за култура на Украина, повикува на бојкот на руската култура, како и привремено прекинување на изведбата на дела од Чајковски и други композитори додека трае агресијата врз неговата земја.

„Важно е да се разбере низ што поминуваат Украинците секој ден. Тие ќе ја добијат потребната опрема за одбрана на нивната територија, за одбрана на слободата“, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Овој одговор дојде веднаш откако Москва го обвини Киев дека извршил напади со беспилотни летала на три руски аеродроми, од кои два се на стотици километри од Украина.

Поврзани новости