Русија нема да биде поканета на прославата на 80-годишнината од Втората светска војна следната недела поради војната во Украина и непријатноста на некои сојузници поради присуството на официјална Москва, открија денеска два дипломатски извори.
Организаторите во април рекоа дека претседателот Владимир Путин нема да биде поканет на церемонијата во Франција, но дека некои руски претставници ќе бидат добредојдени како знак на признание за воената жртва што Русија ја направи во тоа време.
Сега извори велат дека ниту еден руски функционер нема да биде поканет на комеморацијата, на која ќе присуствуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на САД Џо Бајден.
„Кога има човек, има проблем. Кога нема човек, нема проблем“, рече еден дипломатски извор, цитирајќи го советскиот лидер Јосиф Сталин.
Тројца други дипломати на ЕУ изјавија за Ројтерс претходно овој месец дека голем број членки рекле дека би им било непријатно ако Русија присуствува на церемонијата, повеќе од две години откако Путин испрати војници во Украина.