597
Русија од утре ќе престане да испраќа гас во Полска, соопшти полската државна компанија за гас ПГНиГ.
Компанијата соопшти дека руската енергетска фирма Газпром ја информирала дека сите испораки на гас во земјата ќе бидат прекинати од 08:00 часот по средноевропско време.
„Газпром“ го оправда потегот со новите правила објавени минатиот месец, според кои „непријателските“ земји мора да плаќаат за гас во рубли, а ПГНиГ одби да го стори тоа.