Русија нема ништо против влезот на Украина во Европската унија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
-ЕУ не е воено-политички блок, за разлика од НАТО, затоа секогаш сме велеле и секогаш велам дека нашиот став тука е доследен, разумен, немаме ништо против тоа.
Суверена одлука е на било која земја да се придружи или да не се придружи на економските сојузи, а на таа економска асоцијација е одлуката дали ќе прими нови држави како свои членки или не. Колку е тоа целисходно за ЕУ, нека одлучат сами земјите на ЕУ.
Дали тоа ќе биде на корист или на штета на Украина, исто така е нивна работа“ – рече Путин во текот на панел-дискусијата на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.
Русија со години ги критикува обидите на Украина да пристапи во НАТО сојузот што стана главна причина за затегнатите односи меѓу Москва и Западот.