Русија најави крај на воените вежби во близина на Украина

by fokus

Повеќе од 10.000 војници се вратија во своите бази по повеќемесечните вежби во јужниот дел на Русија, посебно во близина на границата со Украина.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека вежбите се дел од „борбената обука“ и се одвива на неколку воени локации во руските регионби Волгоград, Ростов, Краснодор, на Крим, области во непосредна близина на Украина.

Воени вежби беа одржани и на руска територија, далеку од украинската граница, во регионите Ставорпољ, Астрахањ, Северен Кавказ, но и во Ерменија, Абхазија и во Јужна Осетија.

Западот повеќе месеци ја обвинува Русија за распоредувањето на неколку десетици илјади војници во близина на украинската граница за евентуална воена интервенција против Киев.

Москва ги демантираше таквите наводи, обвинувајќи ги Украина и НАТО за провокации и побара од Алијансата гаранции дека нема да се шири кон исток. За барањето на Москва ќе се разговара во јануари за време на руско-американските преговори.

Поврзани новости