Русија набавила стотици беспилотни летала

by fokus

Русија набави стотици ирански беспилотни летала кои би можеле да се користат во војната против Украина, и покрај предупредувањата на САД до Техеран да не ги испраќа, јавија американски медиуми повикувајќи се на западни разузнавачи.

Не е јасно дали Русија почнала да ги користи беспилотните летала против украински цели, но најверојатно тие се во состојба на готовност и подготвени за употреба.

Наводната испорака е уште еден знак за она што се чини дека е се поблиска воена соработка меѓу долгогодишните сојузници.

Соочена со економски санкции и ограничувања на синџирите на снабдување поради инвазијата на Украина, Русија се повеќе се свртува кон Иран како клучен партнер и снабдувач на оружје, наведуваат американски медиуми. Минатиот месец Белата куќа првпат јавно предупреди дека Иран планира да и достави на Москва „стотици“ вооружени беспилотни летала. Неколку дена подоцна, Вашингтон наведе дека руските претставници двапати го посетиле Иран за да преговараат за трансферот.

Поврзани новости