Москва му соопшти на Брисел дека Русија може да и обезбеди на Европската унија 100 милиони дози од вакцината „Спутник V“, за вакцинирање на 50 милиони жители на Унијата.
„Спутник V“ е првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот, а таа постапка беше завршена во август 2020 година. Компанијата што ја произведува, како и руските регулаторни тела, изјавија дека има заштита и до над 90 проценти.
ЕУ се наоѓа во голема неволја со планираната имунизација на жителите поради неиспорачувањето на нарачаните вакцини од компанијата „АстраЗенека“, поради што Брисел и раководството на оваа фармацевтска компанија веќе две недели се во војна. Имунизацијата во ЕУ сега може да биде спасена од овие понудени руски вакцини.
-Рускиот инвестициски фонд, што стои зад производството и дистрибуцијата на руската вакцина„ Спутник V “, соопшти дека во текот на следниот квартал од годината може на ЕУ да и обезбеди 100 милиони дози од оваа вакцина, наведе Фондот на официјалниот профил на Твитер.