729
Русија му забрани на британскиот премиер Борис Џонсон и на некои членови на неговата влада да влезат во земјата. Причина за тоа е „непријателскиот однос“ на Обединетото Кралство за војната во Украина.
Освен Џонсон, забранет влез во Русија добија и министерката за надворешни работи Лиз Трас, министерот за одбрана Бен Валас и десет други членови на владата и политичари.