Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека добил официјална информација од Руската Федерација дека се подготвуваат „масовни немири и државен удар“.
Српскиот претседател на тој начин ја потврди информацијата која претходно се појави во медиумите, дека „има масовни немири чија крајна цел е државен удар и соборување на легитимно избраното раководство на земјата“.
– Денеска добивме официјална информација од Руската Федерација, пренесена преку официјални канали. Ние се справуваме со тоа, одговорна е БИА, а луѓе специјализирани за тоа во Владата на Србија и на сите други места си ја вршат својата работа. Но, тие што замислуваат дека нешто ќе направат насила – нема. Србија неуморно оди напред, не можат и нема да ја спречат и никој никогаш нема да ја спречи. Тоа е мојата порака до сите, луѓето не мора да се грижат – изјави Вучиќ.