Русија ќе ја тужи Украина пред меѓународниот суд поради терористичкиот напад во Москва

by Fokus

„Русија ќе ја тужи Украина за нејзината улога во терористичкиот напад врз Москва“.

Ова го изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи – Марија Захарова.

„Русија има намера да поднесе барање до Меѓународниот суд и во моментов се подготвува правната документација поврзана со тоа“, рече таа.

„Проследувањето на антитерористичките барања од Русија до Украина е дел од задолжителната процедура“, објасни Захарова.

Министерството за надворешни работи претходно соопшти дека руските истражувачи пронашле докази кои укажуваат на вмешаност на Украина во терористичкиот напад на московската сала Крокус на 22 март, во кој загинаа 144 лица.

Поврзани новости