930
Русија наводно одлучила да обезбеди финансиски средства за изградба на минијатурна Аја Софија во западната сириска покраина Хама за да ја покаже важноста на „мирниот дијалог“ меѓу религиите. Откако Турција неодамна ја претвори грандиозната црква Аја Софија во Инстанбул во џамија, христијанскиот свет се крена на нозе. Многу земји не го оправдаа овој чин.
Сега, Русија ќе ѝ помогне на Сирија да изгради реплика од Аја Софија, која ќе функционира како православна црква, истакнал за “The Moscow Times“ руски официјален извор. Вакви информации деновиве се објавуваат и во медиуми во други земји.
Подготовките за изградбата на репликата на Аја Софија во градот Ал-Сукајлабијах наводно ќе почнат во август.