Руското Министерство за одбрана се закани со нови ракетни напади врз главниот град на Украина, како одговор на „провокациите на украинските безбедносни сили на руска територија“.
– Бројот и интензитетот на ракетните напади врз Киев ќе се зголемат како одговор на терористичките напади или саботажи на руска територија извршени од националистичкиот режим во Киев, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта од море истрелале проектил од типот Калибар кон фабриката за машини Жиљанскиј Визар, лоцирана во предградието на Киев. Според руското МО, фабриката за производство и поправка на системи за противвоздушна одбрана е уништена.
Русија вчера соопшти дека украинските сили го гранатирале руското селото Климов во регионот Бријанск, во близина на границата со Украина.