514
Владимир Путин потпиша извршна наредба која ќе им овозможи на руските власти да ги депортираат луѓето кои одбиваат руско државјанство од анектираните територии на Украина, објави рускиот медиум Медуза.
Според одредбата, оние кои живеат во анектираните територии на Украина – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје можат да започнат со процесот на стекнување руско државјанство или легализација на статусот.
Со одредбата се олеснува патот до руско државјанство, но во актот стои и дека оние кои нема да го започнат тој процес до 1 јули 2024 година ќе се сметаат за странски државјани, што значи дека Русија би можела да ги депортира од споменатите окупирани територии.