Цените на нафтата се задржаа над 93 долари откако Русија ја ублажи забраната за извоз на дизел, а американската централна банка ја подгреа загриженоста за побарувачката велејќи дека тоа не е направено со зголемување на каматните стапки.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 27 центи повисока отколку на затворањето на трговијата минатиот петок и изнесуваше 93,54 долари.
Речиси за исто толку поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 90,27 долари.
На почетокот на неделата, трговците се фокусираа на олеснување на забраната за извоз на гориво од Русија. Според документот објавен денеска, владата ги укина ограничувањата за извоз на гориво за некои бродови и дизел со висока содржина на сулфур. Забраната за сите видови бензин и висококвалитетен дизел останува на сила.
Пазарот се уште ја анализира руската забрана за извоз на дизел и бензин Русија привремено го забрани извозот за да обезбеди домашна понуда и да ги ограничи цените за време на жетвата, но нејзината одлука се совпадна со зголемената побарувачка за деривати на северната хемисфера пред зимата.
Ублажената руска забрана на почетокот на неделата следеше по минатонеделната прогноза на американската централна банка дека до крајот на годината ќе ги зголеми каматните стапки за уште една четвртина од процентниот поен. Трговците стравуваат дека повисоките трошоци за задолжување ќе ја забават економијата и побарувачката.