Русија ја цени балансираната позиција на Турција, му рекол Лавров на Чавушоглу

by fokus

Русија ја цени урамнотежената позиција на Турција меѓу Москва и Киев, изјави министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, пред денешниот состанок со турскиот колега Мевлут Чавушоглу во Москва.

Истакнувајќи дека Турција и Русија немаат исти ставови за Украина, Лавров рече дека Русија исто така ја цени посветеноста на Турција и целосно го спроведува Договорот од Монтро.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, рече дека Анкара од самиот почеток покажала јасен, балансиран и објективен став.

-Како земја што има добри односи и со Русија и со Украина, Турција ја продолжи улогата на чесен посредник и покрај сите тешкотии, му рекол тој на Чавушоглу.

Поврзани новости