Русија ја стопира испораката на гас за Бугарија

by Fokus

„Газпром експорт“ од четврток ја стопира испораката на гас за Бугарија, а бугарскиот министер за енергетика, Александар Николов за утре закажа прес-конференција во врска со оваа мерка, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарското Министерство за енергетика соопшти дека до овој момент во земјата не се воведуваат ограничувања за користење на гас.

Бугарските медиуми јавуваат дека Министерството за енергетика, бугарскиот енергетски холдинг „Булгаргаз“ и „Булгартрансгаз“ презеле мерки за алтернативни набавки на гас и за справување со ситуацијата.

Поврзани новости