Русија ја проширува листата со странски агенти

by Фокус

Руската листа на странски агенти достигна 111 имиња, откако Русија денеска ги додаде новинарката Таисја Бекбуталова, две членки на панк групата Пуси рајот – Надежда Толокоњикова и Вероника Никулшина, сатиричарот Виктор Шендерович и колекционерот на уметнички дела Марат Гелман.

„Овие лица систематски доставувале документи до непознат круг луѓе и добивале финансиски средства од странство“, наведе руското Министерство за правда.

Законот за странски агенти е од 2012 година, а квалификацијата која потсетува на „непријатели на народот” од советско време, првично се применуваше на невладините организации, а потоа беше проширена на медиуми и поединци.

Поврзани новости