Русија ја прекина испораката на гас за Холандија

by fokus

Руската компанија „Газпром“ од денеска ја прекинува испораката на гас во холандската „Гас Тера“, откако компанијата одби да се согласи на барањата на Москва за плаќање во рубљи

„Гас тера“, која купува и тргува со гас во име на холандската влада, објави дека склучила договор на друго место за два милијарди кубни метри гас, што требаше да ги добие од „Газпром“ до октомври.

Во соопштението на „Гас Тера“ се вели дека холандската компанија одлучила да не ги прифати условите што го бараше Русија, кои меѓу другото, вклучуваат и отворање сметки за плаќање во евра, кои потоа ќе се заменат за рубљи.

 

Поврзани новости