329
Русија денеска соопшти дека извршила вежби за противвоздушна одбрана во московскиот регион за да ја заштити својата критична инфраструктура во случај на „воздушни напади”.
„Во московскиот регион се одржа обука со персоналот на противвоздушната ракетна бригада на Западниот воен округ (ЗВО) за покривање воздушни напади врз важни воени, индустриски и административни објекти”, се вели во соопштението на прес-службата на Министерството за одбрана.
Според Министерството, руските војници вежбале користење противвоздушни ракети С-300.
„На вежбата учествуваа над 150 воени лица и повеќе од 30 единици оружје, воена и специјална опрема”, прецизираат од одделот.
Министерството за одбрана не прецизираше кога се одржала вежбата