Руските сили утринава ги гранатираа Лавов и Киев. Погодени се станбени згради во Лавов и избувнал пожар, додека на периферијата на Киев се слушале експлозии и сирени на брза помош.
Се стравува дека под урнатините може да има затрупани луѓе, а спасувачките служби се веќе на терен. Градоначалникот најави дека се зафатени станбени згради во близина на железничката станица.
Во руски ракетен напад врз Лавов, на западот на Украина, денеска загинаа три лица, меѓу кои и едно 14-годишно девојче, а 25 лица се повредени, соопшти регионалниот гувернер Максим Козицки.
More from Lviv https://t.co/WWc4fWiN1s pic.twitter.com/xcrXhI4V2m
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) September 4, 2024
– За жал, третото лице загина како последица на ноќниот напад во Лавов. Се работи за 14-годишно девојче – рече тој.
Пет лица, меѓу кои и 10-годишно девојче, се повредени во руски ракетен напад врз цивилен објект во Криво Рог, изјави Олександар Вилкул, претседател на Советот за одбрана на градот.
Како што изјави на Фејсбук шефот на регионалната воена управа на Днепропетровск Сергеј Лисак, повредени се жени на возраст од 62, 83 и 84 години, 70-годишен маж и 10-годишно девојче.
More from Lviv https://t.co/WWc4fWiN1s pic.twitter.com/xcrXhI4V2m
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) September 4, 2024
Детето е во болница, а во нападот бил оштетен хотелот, пренесува Укринформ.
Полските и сојузничките авиони полетаа рано утринава по трет пат во осум дена за да ја осигураат безбедноста на полскиот воздушен простор по руските воздушни напади во Украина, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
– Ова е уште една многу напорна ноќ за целиот систем за противвоздушна одбрана во Полска поради набљудуваната активност на авијацијата на долг дострел на Руската Федерација која изведува напади – објави полската команда на социјалната мрежа Х.
Покрај Лавов на запад, Русите синоќа го гранатираа и главниот град Киев.
Очевидци изјавија за Ројтерс дека слушнале неколку експлозии на периферијата на Киев и дека звучи како да се активирани системи за противвоздушна одбрана.
Последните напади доаѓаат само еден ден откако Русија го погоди воениот институт во централниот украински град Полтава со две балистички проектили во најсмртоносниот поединечен напад во војната оваа година. Во тој напад загинаа најмалку 50 луѓе, а неколку стотици беа повредени.
Русија се уште не го објавила нападот на Полтава. Москва постојано нагласува дека е насочена кон воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина, а не кон цивилите.
Русија во последните десет дена ја напаѓа Украина со стотици проектили и беспилотни летала. Некои руски воени блогери веруваат дека овие напади се одговор на Москва на неодамнешниот упад на Киев на руска територија.