Русија издаде потерница за тројца украински генерали

by Fokus

Руското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека распишало потерница за тројца украински генерали, меѓу кои и заменик-врховниот командант на вооружените сили на Украина, Евгениј Мојсјук, кој е осомничен за гранатирање на Донбас, при што загинале и биле ранети повеќе од 100 луѓе.

Се трага и за генерал-мајорите на вооружените сили на Украина – Игор Палагњук и Андриј Ковалчук, пренесува ТАСС.

На крајот на јули, Рускиот истражен комитет во отсуство издаде обвиненија против тројцата генерали.

Како што е соопштено, тие командувале со единиците на вооружените сили на Украина кои гранатирале населби во самопрогласените Доњецк и Луганска народна република во 2016, 2017 и 2019 година, кога повеќе од 100 луѓе биле убиени или повредени, пренесува Танјуг.

Поврзани новости