Русија издаде 23 руски пасоши во окупираниот град Херсон

by fokus

Русија денеска им ги предаде првите пасоши на жителите на Херсон, град што меѓу првите падна под окупација на руските војници во јужна Украина.

Според руските медиуми, на денешната церемонија 23 жители на Херсон добиле руски пасош.

Патните документи се доделуваа по „поедноставена процедура“, благодарение на декретот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин на крајот на мај.

Поврзани новости