Русија, Иран и Турција одлучуваат за Сирија

by fokus 19:59
19:59

Трилатералната средба меѓу лидерите на Русија, Иран и Турција, земјите-гаранти во процесот Астана за Сирија, почна во Анкара со тричасовно одложување од првично најавениот час.

Тоа е петти самит по прашањето од 2017 година меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, чија земја ја поддржува сириската опозиција, рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани, чии земји го поддржуваат режимот на Дамаск.

- Advertisements -

– Можеме да одлучиме за конкретни мерки за гаснење на пожарот во Сирија. Одржувањето надеж за можно политичко решение за кризата во Сирија е нешто што зависи од нашите напори, истакна Ердоган на отворањето на Самитот.

Путин, од своја страна, ја истакна потребата за продолжување на бескомпромисната војна против терористите во Сирија, таргетирајќи вооружени групи во кои доминираат џихадисти што го контролираат Идлиб, кои редовно се мета на сирискиот режим и бомбардирањето на Москва.

– Зоната на деескалација не треба да служи како терен за вооружени провокации. Треба да преземеме дополнителни мерки за целосно да ја победиме терористичката закана што доаѓа од областа Идлиб“, истакна Путин.

Иранскиот лидер, сепак, ја истакна потребата да се постават темелите за враќање на безбедноста во Сирија и тврди дека дипломатијата, а не конфронтацијата, ќе обезбедат мир во таа земја.

Поврзани новости