423
Најновите разузнавачки информации од Министерството за одбрана на Велика Британија велат дека во текот на изминатите две недели, Русија веројатно претрпела највисока стапка на жртви од првата недела од инвазијата на Украина.
„Иако одбранбеното разузнавање не може да ја потврди методологијата на Украина, трендовите што ги покажуваат податоците се веројатно точни.
Во просек, во последните седум дена имало по 824 жртви дневно, што е над четири пати повеќе од стапката пријавена во периодот од јуни до јули 2022 година“, се вели во објавата.