Во експлозија за време на артилериски оган во градот Макиивка во источна Украина, ранети се 25 лица, соопштија руските воени власти. Една жена е ранета во нападите на Белгород, тврдат Русите, пренесе Ројтерс.
„Нападот на градот Валуџики траеше повеќе од еден час“, напиша гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков на апликацијата „Телеграм“. Една жена се здобила со рани од шрапнели.
Гладков рече дека руските одбранбени сили собориле три воздушни објекти, вклучително и едно беспилотно летало. „Украинските сили, исто така, 12 пати истрелаа ракетни фрлачи Град“, додаде тој. Во нападите беа оштетени најмалку осум приватни куќи.
Шефот на регионот Доњецк, назначен од Москва, Денис Пушилин, во средата наутро на својот канал Телеграм изјави дека две деца се меѓу повредените во нападите врз градот во 2014 година, што го презедоа руските сили.
„Експлозијата ја почувствуваа повеќето жители на Макиивка и Доњецк“, рече тој. Според Пушилин, оштетени се станбени згради, болница, училишта и градинка.
На украинскиот телеграмски канал СтратКом беше објавено видео на мобилен телефон од силна експлозија во градот, во која се тврди дека се работи за напад на руска воена база.
Роман Старовоит, гувернер на регионот Курск, кој се наоѓа северно од Белгород и исто така се граничи со Украина, рече дека училиште и приватна куќа биле оштетени кога избувнал пожар во селото Тјоткино, без да прецизира за каков напад станува збор.
More footage of the burning oil depot in #Makiivka. pic.twitter.com/4mmauXl2KD
— NEXTA (@nexta_tv) July 5, 2023